ДУИ ОДЛУЧИ! Талат Џафери нов премиер на 28-ми Јануари

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште одлучило актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.

Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
Сопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, Кристиана Барсони-Арцидиаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави нејзината мајка Беатрикс Барсони-Арцидиаконо за …
Тахири: Оваа Влада во Косово заминува во историјата на 9 февруари
Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, смета дека на парламентарните избори на 9 февруари граѓаните ќе гласаат против актуелната влада, која …

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.

-Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори, објави Османи на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.