Денеска е научно докажано дека не мора да ги броите калориите и да јадете минијатурни порции за да ги намалите килограмите.
Секако, тоа не значи дека треба секојдневно да ставате акцент на исхрана која се базира на јаглехидрати и шеќер.
Она што треба да го направите за почеток е да го намалите консумирањето на шеќер и да се опуштите – резултатот би можел да ве изненади.
Еве ги и наједноставните нитриционистички совети кои сите можеме да ги применуваме затоа што се толку едноставни и лесно применливи што нема простор за изговорот дека немаме време.
Консумирајте интегрален наместо бел ориз
Оризот е одлична намирница за оние кои немаат премногу време за готвење, а не сакаат да јадат брза храна со мала нутритивна вредност. Добра вест е дека не мора да се откажете од оваа намирница -0 едноставно преминете на нејзината поздрава варијанта!
Не заборавајте на замрзнатото овошје
Кога следен пат ќе одите во продавница, освен свежо купете и замрзнато овошје. Ќе трае подолго а може да ви биде одличен спас во сите оние забрзани утра. Пригответе си вкусно и здраво смути кое ќе ве исполни со енергија.
Купувајте салати кои едноставно се приготвуваат
Добро е познато дека салатите можат да бидат одличен оброк. Но нејзиното приготвување често може да бара повеќе време отколку што имаме. Од таа причина бејби спанаќот е една од подобрите идеи, не треба да се сече ниту термички да се обработува, а ако му додадете туна или чаден лосос со малку зачини, можете да биде одличен оброк за ручек или за вечера.
Купувајте плански
Направете листа од здрави намирници и кога одите во набавка, придржувајте се до него или, уште полесно, ако имате можност, нарачајте ги онлајн. Исто така, денеска и има и се повеќе ресторани кои нудат поволни опции за здрави оброци кои можат да ви послужат во деновите кога немате време или волја за подготвување на храна.
Имајте резерви на готови јадења
Не, не мислиме на готови јадења од продавница полни со конзерванси, туку на оброци кои самите сте ги подготвиле дома, а кои можат да стојат по неколку дена, или пак можете да ги замрзнете. Многу е едноставно: направете поголема количина од некое јадења иу ќе имате ручек за неколку пати.