„ДУРИ И ДА НИ Е НА ПАТ ЦЕЛИОТ СВЕТ“: Турција ќе го зголеми военото присуство на Кипар

ТУРЦИЈА ќе го зголеми своето воено присуство на Кипар, а неопходното оружје ќе биде доставено на северот на островот за да се заштитат интересите на кипарските Турци, изјави министерот за надворешни работи на Републиката Мевлут Чавушоглу на средбата со студентите од Универзитетот Памукале.

„ДУРИ И ДА НИ Е НА ПАТ ЦЕЛИОТ СВЕТ“: Турција ќе го зголеми военото присуство на Кипар

„Дури и целиот свет да ни се најде на патот, Турција нема да отстапи од својата позиција и ќе ги заштити своите интереси на Кипар, како и во Егејското и Средоземното Море“, рече Чавушоглу, а пренесува агенцијата „Анадолу“.

Тој, исто така, ја критикуваше позицијата на САД, кои го укинаа ембаргото за оружје за заедницата на кипарските Грци, според агенцијата.

Министерот се присети на неговиот последен разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кога тој отворено го праша против кого Вашингтон ја вооружува Никозија.

Претходно шефицата на француската дипломатија Кетрин Колона по средбата во Атина со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас изјави дека Франција целосно ќе ги поддржи Грција и Кипар во случај на загрозување на нивниот национален суверенитет.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика грчките власти да „научат поуки од историјата и да го запрат протокот на провокации“. Во спротивно, „Атина ќе плати висока цена“, рече Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.