Лошата организација на продуктите во фрижидерот и неправилното складирање на храна чинат повеќе пари отколку што ни требаат, а се и еден од главните виновници за создавање отпад од храна. Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека доколку храната што завршува како отпад би била држава, таа би била на трето место во светот според количината на емисии на стаклени гасови.
Како да го промените тоа и да не ја фрлате храната?
Дури 48% од храната завршува во кантата за отпадоци: Како да го промените тоа?
1. Не купувајте повеќе од истите намирници
Иако звучи очигледно, спонтаните набавки на намирници без претходно подготвена листа се главниот виновник за преоптоварување на фрижидерот и фрлање храна. Истражувањето на Самсунг, спроведено на европско ниво, покажува дека дури 48% од купените намирници завршуваат во кантата за отпадоци. Затоа, пред да одите на шопинг, одвојте време да разгледате добро што веќе има во вашиот фрижидер, за да не ги дуплирате намирниците. А, површен поглед на содржината на ладилникот не е доволен, туку навистина детален преглед на храната што сте ја оставиле на нејзиното дно или во посебни оддели. Со овој едноставен потег, ќе заштедите пари, поефикасно ќе управувате со расположивиот простор и ќе направите нешто добро за планетата.
2. Организацијата е половина од работата
Искуството вели дека горните полици на фрижидерот се идеални за чување храна што може да се консумира веднаш, средните нивоа се, пак, најоптимални за чување млечни производи, додека долните се резервирани за месо и риба. Страничните прегради се сметаат за најпогодни за предметите што ги користите најчесто – сосови, сокови или зачини. Создавањето зони внатре во фрижидерот ви помага не само да забележите што има во него побрзо, туку и да избегнете вкрстена контаминација на храната. Несоодветното мешање на етиленска и чувствителна храна, како што се аспарагус, зелена салата или брокула, може да доведе до предвремено зреење, па дури и гниење. Неопходно е да се складира таквата чувствителна храна на адекватен начин.
3. Потпрете се на новите технологии
Можеби од постарите генерации ја наследивме навиката да чуваме храна над фрижидерот за подобро да се олади, сепак, производителите на фрижидери денес дизајнираат технологии за ладење така што температурата нафрижидерот е рамномерна на сите нивоа, оставајќи ни можност да го искористиме максимумот од секој агол на ладилникот.