Душа од мојата душа, те сакам како јас да сум те родила: Анастасија Ражнатовиќ со емотивни зборови кон внукот Жељко

По Вељко и Цеца, се огласи и гордата тетка Анастасија
Анастасија Ражнатовиќ, со емотивна порака се обрати кон внукот Жељко на денот на неговото крштевање.
Таа на својот профил на Инстаграм објави видео, каде може да се види како го држи малиот Жељко во раце, а на овој специјален ден, му испрати порака која ги разнежни сите.
– Мило мое срце. Душа од мојата душа. Среќно крштевање. Бог знае колку те засакав веднаш штом дознав дека доаѓаш кај нас, а уште повеќе кога првпат те видов. Овој ден е голем ден за мене, и ќе го паметам до крајот на животот – напиша Анастасија.


– Јас немам свои деца, но верувај ми, се чувствувам и те гледам исто како јас да сум те родила. Љубовта што ја чувствувам кога те гледам во твоите невини паметни очи е неизмерна. Знам дека ќе бидам горда на тебе и дека ќе бидеш единствен! Те сакам најубаво мое повеќе од животот! – додаде гордата тетка.
Бројните следбеници на Анастасија под нејзината објава за Жељко и честитаа за крштевањето.
Инаку, церемонијата за крштевањето се одржа вчера, на големиот верски празник Петровден, во Храмот Света Сава во Белград, каде што Богдана и Вељко, минатата година, положија заклетва за вечна љубов пред Бога.
Бидејќи сакаа сè да биде подалеку од очите на јавноста, на крштевањето присуствуваа членовите на најблиското семејство, Родиќ и Ражнатовиќ, а по церемонијата, сите отидоа на семеен ручек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.