Душко Тошиќ нападнат со нож!

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ утринава бил нападнат во центарот на Белград, пишуваат српските медиуми.
Душко и Андреја Милутиновиќ, координатор за физичка подготовка и рехабилитација на репрезентацијата на Србија, биле нападнати додека тренирале на Калемегдан.
Тошиќ и Милутиновиќ пријавиле дека малолетници ги мавале со лименка. Душко и Андреја не се повредени, а полицијата излегла на терен. Наводно, еден минувач изјавил дека малолетниците покажувале нож. Истрагата е во тек.
По тој повод се огласи и фудбалерот кој на „Инстаграм стори“ напиша:
„За да ги спречам нагодувањата, точно е дека моите колеги фудбалери и јас бевме нападнати на утринскиот тренинг на Калемегдан. Не нападна група на хулигани која имаше ножеви и електро шокови. За среќа, сите завршија без големи последици, полицијата реагираше и успеа да ги уапси напаѓачите кои повредија една жена која случајно поминуваше“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.