Душко Тошиќ отпатува во странство со Ника! Татко и ќерка заедно на трибина во Германија: По инцидентот ги оладиле односите! (фото)

Душко Тошиќ отпатува за Германија каде од трибините ја бодреше српската репрезентација на Европското првенство во фудбал.По инцидентот што се случи во семејната вила на Дедиње, поранешниот фудбалер и сè уште официјален сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ ги спакува куферите и замина во Германија да го следи европското фудбалско првенство во живо. Со себе ја зел и помалата ќерка Ника.На стадионот во Гелзенкирхен, Ника и Душко ја бодреа српската репрезентација која загуби од Англија со резултат 0:1.Поранешниот фудбалер на својот Инстаграм објави сторија каде покажа дел од атмосферата, а на крајот ја сликаше младата Ника.Покрај Ника и Душко, „орлите“ од трибините ги бодреа и познатите пејачи, меѓу кои Радиша Трајковиќ Џани, Ана Севиќ и нејзиниот сопруг, како и блогерката Зорана Јовановиќ Зоранна.

Пронајдете не на следниве мрежи: