На Душко Тошиќ годинава му почна доста успешно. По трите години професионален ангажман во Кина, се врати во Белград кај сопругата Јелена Карлеуша и ќерките Атина и Ника, а српските медиуми пренесуваат дека на Бадник славел со трубачи во црвено-бел дрес, што значи дека потпишал договор со Црвена звезда, каде што по сезона ќе заработува 500.000 евра. Сума што е значително пониска од онаа што ја земаше во Кина…
View this post on Instagram
Душан е пресреќен што конечно се врати во Белград. Факт е дека ќе заработува помалку одошто во Кина, но тој го знаеше тоа и не му пречи. Многу му недостасуваа домот и семејството, сепак, тој во Кина беше речиси три години, а сега има и некои други планови. Веројатно наскоро ќе почне со приватен бизнис, но за тоа се’ уште не сака да зборува“, открива близок извор на фудбалерот за „Стар“.