Д-р Беќаровски со реакција за зголемување на платите на функционерите за 78 отсто

Уставниот суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто.

Ова предизвика бројни реакции и незадоволство во јавноста, откако претходно здравствените работници добија ветување за зголемување на платите од 2.000 до 3.000 денари.

Со своја реакција се јави и д-р Нико Беќаровска од Клиниката за токсикологија.
-Со новото покачување од 78% на сите ФУНКЦИОНЕРСКИ ПЛАТИ, оваа „професија“ дефинитивно станува атрактивна и за луѓето кои навистина ПОШТЕНО би ја работеле. Со новото епохално зголемување на платите на докторите од цели 1,7-2,2 % оваа професија дефинитивно останува атрактивна само за луѓето кои НЕЧЕСНО би ја работеле, напиша д-р Беќаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.