Д-р Душан Попадиќ: Ќе живееме многу понормално лето

Ќе имаме ли лето без маски? Според професорот д-р Душан Попадиќ од Медицинскиот факултет во Белградвакцината ќе ни помогне да се ослободиме од маските, но тогаш кога ќе се вакцинира доволен број луѓе, односно кога ќе има висок процент на оние кои се имуни на вирусот.
Професорот смета дека кога станува збор за имунизацијата да биде успешна треба да се вакцинираат некаде 70-80 проценти. Сепак, како што рече, кога студирал епидемиологија, тогаш важело дека само со 95% имуни може да се прогласи успешна имунизацијата.
Според д-р Попадиќ скептицизмот кон вакцините е непотребна бучава. Вели имунизацијата против ковид 19 е иста како и имунизацијата против која било друга болест. Разликата е во тоа што секој треба да биде посвесен дека е уште поважно да се имунизира, бидејќи имаме епидемија.
На прашањето кои се придобивките од вакцините, тој изјави дека нема да се разболиме, дека ќе можеме да се вратиме на други активности, работни места и рутини, да патуваме, дека нема да се плашиме дека ќе се разболиме или дека некој наш ќе умре од ковид 19.


Професорот нагласува дека е многу мал број луѓе имаат несакани ефекти и дека со огромен процент овие ефекти траат еден ден или половина, исто како и со другите вакцини. Тој вели дека ќе биде вакциниран со вакцината што ќе му биде достапна во тој момент, но наведува дека не е важно за која вакцина станува збор, бидејќи сите тие имаат слична имуногеност и слична фреквенција на несакани ефекти.
– Немаме причина да избереме еден, два или три – додаде тој.
Тој исто така истакна дека прочитал документ од англискиот Фонд за здравствено осигурување и дека тие напишале дека ако се започне со имунизација со вакцината „Фајзер“ или „Оксфорд“, а втората доза не е достапна, ќе може да се прими друга вакцина безбедно.
Прерано е да се каже колку долго вакцината ќе нè штити, но професорот Попадиќ очекува дека заштитата ќе трае со години, но не и за цел живот. Тој објасни дека коронавирусот и грипот не се слични, и дека грипот има поголема способност да го менува својот генотип и антигенската структура.
Како што рече Попадиќ, ние не примаме вакцина против инфлуенца секоја година затоа што имунитетот слабее толку брзо, но затоа што се очекува некои други видови да предизвикаат епидемија кај невакцинираните.
На прашањето како ќе живееме во текот на летото, професорот Попадиќ рече дека сигурно ќе живееме многу понормално и дека следната зима може да имаме повторно зголемување на случаите, но тој посочува дека тоа зависи од нашето однесување и од тоа колку луѓе се имунизирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.