Д-р Лазаров тврди: Наши агенти убедуваат пациенти да се лекуваат во странски болници – се борат за провизија

Доктор Ненад Лазаров предупредува дека болни пациенти се мета на агенти кои ги убедуваат да одат да се лекуваат во болници во странство.

„Каков грев и најнова фора е, Агенти наши на странски болници прават групи по социјални мрежи за наводна „поддршка” на болни од карцином, ретки болести, аутизам, а всушност у позадина ти се неколку болници у странство кои преку свои агенти си прават класична заседа на пациенти во најтешка криза и на тој начин ловат риба во аквариум?

И како ќе се појави нов член со мака, во истата секунда бива нападнат и ставен да го меле машинерија се со цел да биде изнесен и лекуван во странство!

Почитувани пациенти, секој скоро секој кој неповикан ќе ви пристапи во тие групи и ви нуди врска и контакт у тие болници (каде скоро секогаш има лага дека имаат космички успеси како никаде на друго место) не ви е пријател ниту поддршка, туку брка дебела провизија што ќе ја добие ако вие како пациент завршите во таа болница!

Апелирам до новинари, истражете го ова што го тврдам!“ – пишува доктор Лазаров на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: