ЕБР ја блокирала кафаната на „Боемска улица“, се бараат снимките дали навистина Мицковски бил таму
Вистинска драма владее вечерва во Дебар Маало. Откако инспектори беа спречени да влезат во внатрешност на кафана, за да направат увид дали се почитуваат регулативите за спречување на ширење на КОРОНА ВИРУСОТ, сега улицата е блокирана и од специјалните полициски единици.
Мицкоски го упецаа повторно. Овој пат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица“
Началникот на СВР Скопје поставен од ВМРО-ДПМНЕ, Ристе Ставревски, кој повеќе од три часа е таму, изјави дека директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) во МВР Сашо Тасевски е тој што ги повикал специјалците. Сопственикот на угостителскиот објект и вработените, наводно мотивирани од началникот на СВР Скопје давале отпор да се влезе внатре и да се прегледаат безбедносните камери.
Пронајдете не на следниве мрежи: