Голем пожар избувна утрово во месноста Лурдата на јужниот дел од грчкиот остров Кефалонија, а според локалните медиуми, превентивно биле евакуирани туристи и жители, jави дописничката на МИА од Атина.
Во справувањето со огнените јазици интервенираат 42 пожарникари со 12 возила и еден хеликоптер, а помагаат волонтери и цистерни на општината.
Според медиумите од островот, туристите, рано утрово биле известени за пожарот, ги земале нивните работи и смирено и без паника биле пренесени со автобуси. Некои од туристите, пак, според истите информации, не сакале да заминат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.