Еден дел од парискиот аеродром Орли е евакуиран откако анонимен јавувач пријавил дека во тоалетите била поставена бомба.
Терминалите два и три на аеродромот Париз-Орли биле евакуирани, јавуваат француските медиуми.
„Просториите се евакуираат“, изјавил извор за Le Parisien по телефонскиот повик во полицијата околу 18 часот вечерва.
Полициски извор, исто така, рече: „Се јави човек кој тврди дека поставил бомба во тоалетите на аеродромот“.
Инцидентот се случил откако авион кој летал од Орли за Монпеље оваа недела бил приземјен поради закана за бомба. Дојавата која авионот на „Трансавиа“ го задржа неколку часа на земја, се покажа дека е лажна.