Ева Лонгорија објави фотографија со својот син

Ева Лонгорија ја објави првата фотографија со својот син, потврдувајќи дека се породила на 19 јуни во Лос Анџелес.
Сантијаго Енрике Бастон е прво дете за 43-годишната холивудска актерка, која две години е во брак со мексиканскиот бизнисмен Хосе Пепе Бастон.
„Ние сме многу благодарни за овој прекрасен благослов“, кажаа Ева и Хосе за американскиот магазин „Хола!“.


Ова е трет брак за Лонгорија, откако пред осум години се разведе од славниот француски кошаркар Тони Паркер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.