Ева Лонгорија реши да се пресели! Ја напушта Америка, со семејството ќе живее во оваа европска земја

Познатата актерка Ева Лонгорија реши да ја напушти Америка и да се насели во Шпанија со својот сопруг.Ева Лонгорија ќе се смести во Марбела со семејството. Таа и нејзиниот сопруг решија да се преселат во Шпанија со својот син на одредено време . Тоа не е траен, туку привремен потег. Сепак, се уште не е познато колку долго актерката ќе остане во својот нов дом. – Ќе помине многу време таму бидејќи има проекти за цела втора половина од оваа година – рекол изворот и додал дека Ева Лонгорија има шпанско државјанство, како и дека има куќа во таа земја.49-годишната Ева Лонгорија и 56-годишниот Хозе Бастон имаат викендица во Марбела, која ја купиле на почетокот на 2023 година. Актерката веќе откри дека овој дом е нејзината оаза на мирот, во која многу ужива.Куќата е исклучително пространа и има многу спални соби, така што сите членови на семејството имаат место за престој кога ќе дојдат да ја посетат, пренесува Page Six.

Пронајдете не на следниве мрежи: