Еве дали Прија и Филип ќе добијат ќерка или син

Пејачката Александра Пријовиќ е бремена и со својот сопруг Филип Живоиновиќ го чека првото дете.
Астрологот Душан Величковиќ открива дека во нејзиниот случај ќе биде „прво, па машко“, како и дека мајчинството ќе и падне многу потешко отколку што мисли.
-Пријовиќ е девица во хороскоп, а положбата на Месечината и Венера за тој знак во мај, кој е зад нас, говорат дека токму во тој месец и затруднела. Поточно, затруднела неколку дена пред свадбата. Уран кој тогаш владеел со нејзиниот знак, покажува дека сигурно ќе роди машко дете. Како секоја нејзина планета е во хармонија со другите планети, јасно е дека бременоста е посакувана и дека за неа таа не била изненадување, туку остварен сон – истакнува Величковиќ и обајснува дека мајчинството на младата пејачка првата година тешко ќе и падне.


-Иако бременоста е посакувана од двете срани, почетокот на 2019 година за брачниот пар Живоиновиќ ќе биде многу тежок. Шкорпијата која владее со сите планети на Александра говори за нејзиниот цврст став да стане најголема балканска ѕвезда. Во мајчинството многу ќе ужива, но ќе ја прави нервозна тоа што кариерата ќе и стои во место. Поради тоа ќе направи повеќе од 4 години пауза за второ дете. Колку што гледам Филип ќе има голем удел во тоа, ќе се грижи за детето и ќе и олесни на сопругата многу нешта- вели астрологот кој додава дека Александра ќе има три сина.
-Тие ќе бидат нејзината сила, а најголемиот успех во кариерата ќе доживее кога децата малку ќе и пораснат – заклучува Величковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.