Еве зошто Викторија Сикрет би можела да пропадне

Брендот Викторија Сикрет е познат по сексапилната долна облека со необичен дизајн, но и по најубавите жени на светот кои оваа долна облека ја носат на пистата.
Брендот остана без својот извршен директор Јан Сингер кој си даде отказ, бидејќи не може да се избори со обвиненијата за сексизмот, непочитување на човечките права на лицата со инвалидитет и слични критики кои брендот ги добивал.


Зад брендот и менаџментот стојат многу изјави кои го рушат угледот на фирмата, а најновите ги засегнуваат трансродовите и плус сајз моделите кои ги изнесе директорот за маркетинг Едвард Резек. Според неговите зборови, таквите девојки не им се потребни на овој бренд, бидејќи не се вклопуваат во “фантазијата” која Викторија Сикрет сака да ја продаде.
И покрај нивното извинување на Твитер, моделите како Карере и Тес Холидеј продолжиле да го прозиваат брендот поради овие изјави.

Моделите укажаа дека брендот мора да биде благонаклонет и да ги следи промените во светот на модата, позитивноста на телото и да ги почитува разликитe.
Брендот презентира “ангели”, познати манекенки помеѓу кои Адријана Лима, Џиџи и Бела Хадид и многу други. На неодамнешната ревија, брендот покажа дека не сака да се менува и да отстапува од своите критериуми.


Неодамна пејачката Ријана го претстави својот бренд за долна облека кој е тотална спротивност од Викторија Сикрет, бидејќи ја почитува убавината и различноста на телата и не продава розови фантазии за идеален изглед како горе споменетиот бренд.
И покрај сè, главните и одговорните во брендот продолжуваат да одолеваат на критиките и веруваат дека само оние кои им завидуваат, им упатуваат критики и обвиненија на нивна сметка. Тие не сакаат да го променат својот концепт и ќе продолжат да креираат облека за згодни и слаби девојки кои се сексапилни по нивните стандарди и одбиваат да погледнат колку светот се променил од 1995 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.