Без разлика дали се работи за бањање во море или во када, морската сол е нешто што може многу да му годи на телото, од повеќе причини.
Покрај тоа што го зајакнува метаболизамот и ги исфрла штетните материи, помага и при излачување на непотребната вода од кожата и сврзните ткива, и со тоа спречува собирање на вишок течност во организмот, па кожата станува силна, мазна, мека и здрава.
Минералите од солта се врзуваат за клетките на кожата, па така таа станува сјајна и кадифена.
Поради тие причини, бањањето со морска сол го стимулира слабеењето, исто така го отстранува или намалува целулитот, а со тоа се регенерира и кожното ткиво, поради што има и anti-aging ефект.
Покрај сѐ што е наведено, морската сол делува и на воспалителните процеси.
Таа е природен лек за масна коса. Го апсорбира вишокот на масти од влакната, а фоликулите ги снабдува со хранливи материи, со што косата станува помека.
Морската сол е одлична и против првут. Делува директно на кожата и спречува нејзино сушење.
Затоа, нема буквално никакви причини зошто не би вметнале една лажица морска сол во секојдневното бањање.