Еве зошто Меган Маркл никогаш нема да ја видите со црвен кармин

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл е позната љубителка на природниот изглед и неутралниот мејкап.
Најчесто носи минимална шминка и воглавно ги нагласува очите и образите, додека за усните бира неутрални нијанси. А кој мејкап тренд Меган никако не го сака, сега откри нејзиниот пријател и шминкер Даниел Мартин. Всушност станува збор за еден мејкап класик, поточно за црвениот кармин за усни, кој, како што тврди Мартин, никогаш нема да го видиме на Меган, а објаснил и зошто.
“Црвен кармин носеше само еднаш и не се чувствуваше природно.

Меган сака да зборува и не е особено педантна, па не сака да се грижи за ситници како карминот. Затоа, повеќе преферира да носи неутрални нијанси со кои се чувствува опуштено и самоуверено”, открил мејкап артистот во интевју за магазинот “People” и попатно ги пофалил вештините на својата клиентка.
“Меган често се шминка сама, бидејќи го сака тоа и исто така е многу добра во шминкање”, признал Мартин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.