Еве зошто срцевите удари се почести во зима

Докторите велат дека за време на зимските денови се стеснуваат крвните садови и дека тоа не претставува проблем кај здравите, младите луѓе кои имаат еластични крвни садови и брзо се прилагодуваат на новите временски услови.
Проблемот настанува кај пациентите кои имаат склеротични, тесни крвни садови, што доведува до дополнително стеснување на “нападот на ангина”, а во најлош случај и до акутни срцеви напади.
“За време на зимските месеци секогаш имаме повеќе пациенти и повеќе срцеви удари отколку за време на летните денови”, вели кардиологот Тања Јозиќ., пренесува Telegraf.rs.
Таа вели дека е важно за време на зимските денови пациентите кои имаат зголемен крвен притисок да ја прилагодат својата терапија.


“Обично во зимскиот период хипертензивната терапија мора да се зголеми, додека за време на летните месеци мора да се намали. Во летните месеци доаѓа до ширење на крвните садови и ако се зема истата доза често доаѓа до колапс, губење на свеста”, вели Јозиќ.
Таа вели дека посебно внимание треба да им се посвети на пациентите кои преживеале инфаркт и дека сè уште иновативните лекови не можат да ги добијат со рецепти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.