Еве зошто треба темелно да го чистите вашиот тоалет – научниците откриле уште еден извор на зараза од коронавирусот

Научниците откриле уште еден неочекуван извор на инфекцијата коронавирус. Сајтот наменет за здравствените работиници, неодамна вовел тестирање во куќа во која што бил изолиран заразен пациент од коронавирусот, а истото покажало дека ВЦ школката, лавабото и кваката од тоалетот биле тестирани позитивно на вирусот.
Тој тест го спровел д-р Шан Веи Ксјанг Онг од Националниот центар за инфективни болести во Сингапур. Истиот тест покажал дека поголемиот дел од заштитната опрема како и ходникот на домот биле тестирани негативно на вирусот.
„Како што претпоставуваат научниците, тоа не е првата работа на која што се сетиле пред да го направат ова истражување. Очигледно е дека треба да се посвети поголемо внимание за дезинфекција на тоалетот по секојдневната употреба како и детално миење на рацете по употреба на истиот“ – предупредува Арон Илај Глат, шеф на болницата во Њујорк.

Од Би-би-си пренеле друго истражувале со кое се потврдува дека вирусот подолго се задржува и во фекалните материјали и дека доколку детално не ги измиеме рацете и не го дезинфицираме тоалетот по употреба, постои ризик од зараза.
Тестот кој што го спровел Шан Веи од Националниот центар за инфективни болести во Сингапур, го спровел на тројца пациенти кои што биле изолирани во домашни услови.
Од секој од нив зел 26 примероци од собата во која што се наоѓал изолираниот човек, тоалетот и ходникот кој што води до тоалетот. Примероците биле земени од докторите кои што ги посетувале пациентите кои што биле во изолација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.