Еве зошто физички активните мажи треба да консумираат ананас

Многумина кои тренираат се свртуваат кон различните протеински напитоци, но фитнес експертите предлагаат консумирање на ананас кој може да биде одличен оброк за мажите кои живеат активен живот.
Доколку можеме да им веруваме на докторите и фитнес експертите, ананасот е новото супер овошје кое е особено важно за оние мажи кои тренираат и се занимаваат со физички активен живот. Ананасот е првенствено добар поради здравите шеќери кои даваат енергија, па затоа претставува одличен брз оброк пред тренингот бидејќи ќе ви овозможи да имате сила и енергија за сите напорни задачи.


Следната работа поради која ананасот е исклучително добар е фактот што тој содржи ензим наречен бромелаин, кој делува антивоспалително и кој може да ви помогне во закрепнувањето на болните и воспалени мускули.
Уште една важна работа е и големата количина на витамин Ц која се наоѓа во ова овошје и која ќе ви помогне да го зајакнете вашиот имунитет. Во тоа ќе ви помогне и минералот манган кој го забрзува метаболизмот и кој ќе ви помогне побрзо да ги изгубите вишокот килограми.
Затоа, доколку сте некој кој тренира, кој сака да изгледа подобро и кој сонува за тело со помалку килограми, тогаш ананасот мора да биде дел од вашата секојдневна диета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.