Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери и пратеникот Илија Димовски минатата седмица беа единствените кои гласаа “воздржано“ за дополнување на Законот за пратеници, со кој се предвидува пратениците кои ќе имаат казна затвор од 6 месеци да го изгубат правото на пратеничка плата.
За дебатниот магазин на „Click Plus“ на ТВ “21“ Џафери рече дека кога се стопираше пратеничката плата на Груевски, гласал “воздржано“ бидејќи сметал дека законските процедури не се во целост испочитувани.
Доколку Груевски ангажира адвокат во врска со донесената одлука за стопирање на неговата пратеничка плата, може да го добие спорот и да си ги врати парите и тоа со камата, смета Џафери.