На оваа рајска дестинација Меси ужива во апсолутна приватност, вилата се наоѓа на приватен остров и фудбалерот е недостапен, затоа што до него може да се стигне исклучиво со брод.
Познатиот Аргентинец на одморот го посети неговиот пријател и соиграч од Барселона – Луис Суарез. Заедно со семејствата уживаат и ги полнат батериите за предизвиците кои им претстојат. Сепак, на одморот му се ближи крајот, па тие наскоро ќе им се придружат на своите соиграчи на подготовките.
Еве каде и во каков луксуз се одмора Лео Меси, за една ноќ плаќа 5.500 евра!
По новиот неуспех со репрезентацијата Меси ги спакува куферите и со семејството замина на одмор на Карибите. Една ноќ во луксузната вила на Меси чини неверојатни 5.5 илјади евра, јавува српски курир.




