недела, 22 ноември 2026
Најново

Еве каде се утре ќе нема струја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дел од корисниците од скопските села Глумово, Сарај, Шишево, полициската станица во селото Глумово и фирмите „Адриус” и „Бис-Оил” во Општина Сарај утре од 9 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.
Во периодот од 14 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците околу главниот влез на фирмата „Фруктал” во село Студеничани, Општина Студеничани.
Без струја утре од 9 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „1513″ во населба Пинтија, Општина Кисела Вода.
Од 9:15 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од село Горно Соње, воениот објек во Горно Соње и месноста наречена Коштан, Општина Сопиште.
Во периодот од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе останат корисниците од улицата „Ганчо Хаџи Панзов”. Општина Центар.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електросистемот.

Поврзани вести