недела, 29 ноември 2026
Најново

Еве какво време не очекува викендов

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, дневната од 16 до 26 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
В недела ќе преовладува стабилно и суво, освен во крајните јужни делови. Од понеделник во попладневните часови повторно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи

Поврзани вести