ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне во источните делови претежно сончево, во текот на денот облачноста од запад се зголемуваше. Попладнево е променливо облачно со сончеви периоди и со ретка појава на пороен дожд, а во југоисточните делови имаше и појава на грмежи. На повеќе места, особено попладнево дуваше умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец. Брзината на ветерот на места достигнуваше и над 55 км/час (според податоците во делови од Пелагонија и во Штип).
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, во текот на ноќта со намален интензитет. Во текот на ноќта и облачноста ќе се намали, освен во западните делови каде е можен и повремен дожд.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во сабота под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, на места и пообилни. Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.