Еве како велигденските јајца да ви бидат впечатливо црвени: Техника за вапсување која ќе ги воодушеви сите домаќинки

Се ближи Велигден, па секоја домаќинка смислува како да има најоригинални велигденски јајца на својата трпеза.

Поради тоа ние ви откриваме како да добиете впечатливо црвена боја за велигденските јајца.

Состојки:

  • 12 кафеави јајца;
  • 4 шолји вода;
  • 1 шолја оцет;
  • 1 ќесичка црвена боја за јајца;
  • Малку зејтин.

Подготовка:
Во тенџере ставете вода, па кога водата ќе зоврие додадете ги јајцата и оцетот. Намалете ја температурата на шпоретот, поклопете го тенџерето и оставете јајцата да вријат 15-тина минути.
Потоа внимателно пренесете ги јајцата во сад со ладна вода и оставете ги уште 5-10 минути. Во шолја ставете боја, па додадете вода во која се вареле јајцата. Добро помешајте, па ставете ја назад во тенџерето. Вратете ги јајцата во водата со боја и оставете ги околу 5-10 минути.
Извадете ги јајцата на чинија која сте ја обложиле со хартија и оставете да се исушат. Ставете масло на хартија или крпа, па премачкајте го секое јајце поединечно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.