Некогашната македонска пејачка направи целосна трансформација на својот изглед.
Фифи изгледа фантастично и посреќно од било кога.
Осуди, тешки зборови, безбројни еикети беа дел од товарот кој Фифи го носеше со себе долги години додека живееше во Македонија.
Македонија и Балканот не беа подготвени за некој толку отворено да зборува за својата сексуалност, но таа успеа да ги придобие сите.
Фифи Јаневска, родена како Филип Јаневски ги изненади сите со појавувањето на регионалното шоу Икс фактор.
Фифи е првата јавно личност во земјава која отворено призна дека е трансексуалец.
Иако публиката почна да ја прифаќа и одлично ѝ тргна во музичката кариера, таа одлучи да напушти сѐ и замина да живее во Стокхолм, Шведска.
Таа направи неколку корекции на изгледот и денес сигурно не би ја препознале.
Активна е на социјалните мрежи каде е потпишана како Џиа Јаневска.
Таа прво го промени полот, стави импланти на градите, а направи и мали корекции на изгледот.
Денес изгледа фантастично, а според нејзините објави, изгледа и посреќна од било кога.
Извесен период беше русокоса, но сега ѝ се врати повторно на темната нијанса.