Еве како одвнатре изгледа срцето додека чука!

Научниците од германскиот Институт Макс Планк снимија, со помош на магнетна резонанца, неколку снимки кои првпат прикажуваат како одредени биолошки процеси изгледаат „одвантре“.
На каналот на Институтот на ЈуТјуб се поставени три снимки – говор, пеење и работа на срцето. Настанаа благодарение на новата технологија на магнетна резонанца која создава подвижни слики во реално време.

Еден од пионерите на магнетната резонанца Јенс Фрам, професор на германскиот Институт за биофизичка хемија Макс Планк, го разви систеот FLASH2 – кој користи математички процеси за реконструкција на сконовите и подвижните слики.

Таа техника значително го забрзала МРИ скенирањето и овозможи прикажување до 100 сликички во секунда, наведуваат од институтот.
-Првпат е можно да се набљудуваат заедничките движења, процесот на голтање или отчукувањето на срцето тогаш кога и се одвиваат извлекувајќи заклучоци за тоа зошто коленото боли кога се витка, објаснуваат научниците.
-Сега можеме да ги визуелизираме процесите кои досега не сме ги виделе, заклучи професорот Фрам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.