Трамп ги потпиша првите извршни наредби како претседател на САД.
Новиот американски претседател Доналд Трамп ја положи заклетвата како 47-ми претседател на САД, почнувајќи со тоа уште еден четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги помести границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти и ќе ја промени улогата на САД на светската сцена.
Се врати во Овалната соба на Белата куќа каде што ги помина првите неколку часа како старо-нов американски претседател потпишувајќи извршни наредби и укинувајќи ги одлуките на поранешниот претседател Џо Бајден.
Меѓу другото, тој помилува околу 1 500 лица обвинети за учество во нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година, кога Трамп го оспоруваше сопствениот изборен пораз. Најголем дел од амнестираните при упадот во Конгресот не учествувале во насилствата против полицајците тој ден иако има и припадници на националистички крајно десничарски групи.
Трамп потпиша одлуки за итно замрзнување на овластувањата на „бирократите на Бајден додека новата администрација целосно не ја преземе контролата. Меѓу извршните наредби кои ги потпиша на првиот ден од стапувањето на функцијата беа и одлуката за повлекување од Парискиот договор за климата, одлука за крај на владината цензура на говорот, одредба која бара од сите федерални агенции да ги зачуваат сите записи поврзани со „политичкиот прогон“ за време на претходната администрација.
Новиот американски претседател Доналд Трамп исто така потпиша и одлука со која САД ја напуштаат Светската здравствена организација (СЗО).
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.