По силниот земјотрес со јачина од 5.3 степени што кусо пред полноќ по локално време беше регистриран во близина на границата на Грција со С. Македонија, а беше почувствуван и кај нас, дел од жителите на Лерин, ноќта ја поминаа на отворено, додека пак грчките сеизмолози оптимисти.
#σεισμος Στα πιο κεντρικά σημεία της πόλης #Φλωρινα pic.twitter.com/Bg5Tk4gcFa
— Ο βασιλιάς Τησκόνης (@__Moxa__) January 9, 2022
Епицентарот беше два километри западно од Лерин, од земјотресот не се регистрирани посериозни материјални штети, ниту пак повредени граѓани, а со одлука на градоначалниците, градинките, основните и средните училишта во поширокиот регион, денеска превентивно ќе бидат затворени.