Еве како се тресеше од другата страна: Жителите во Лерин во автомобили ја поминаа ноќта, денес таму се е затворено!

По силниот земјотрес со јачина од 5.3 степени што кусо пред полноќ по локално време беше регистриран во близина на границата на Грција со С. Македонија, а беше почувствуван и кај нас, дел од жителите на Лерин, ноќта ја поминаа на отворено, додека пак грчките сеизмолози оптимисти.


Епицентарот беше два километри западно од Лерин, од земјотресот не се регистрирани посериозни материјални штети, ниту пак повредени граѓани, а со одлука на градоначалниците, градинките, основните и средните училишта во поширокиот регион, денеска превентивно ќе бидат затворени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.