Еве како Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ одговорија на “предизвик“

Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ важат за еден од најсреќните брачни парови на естрадата во соседството. Тие со години ја чуваат и негуваат својата љубов, чија круна е ќеркичката Нина. За толку години за нивниот брак не се слушна ниту една афера, секој си ја работи својата работа, а приватноста заедно ја чуваат далеку од очите на јавноста.
Деновиве Јелена, како и многу други, реши да се приклучи на играта “предизвик“ на социјалните мрежи на која се објавуваат по една фотографија од пред 10 години и една од сега.
Таа на “предизикот“ одговори со фотографии од 2009. и 2019. година. И на двете Јелена и Иван се прегрнати, очигледно љубовта се уште им цвета, а тоа е само доказ колку брзо и убаво може да поминат десет години кога партнерите се сакаат и почитуваат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.