Еве кога рестораните и кафулињата ќе почнат со работа во Македонија

Рестораните ќе работат само надвор, со одржување на потребната дистанца, но дозволете ова да го финализираме и официјално да го објавиме, навести на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
-Рестораните и кафичите за почеток ќе работат само надвор, се разбира со одржување дистанца, во јавниот превоз ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а ќе се спроведе и систем за контрола, рече Филипче и додаде:
„Но дозволете сето тоа до крајот на неделава да се финализира и да се објави од страна на комисијата, па некаде од почетокот на следната недела и да биде во функција.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.