По настапот во Црна Гора, пејачката Дара Бубамара веднаш замина за Косово бидејќи каде што ја чека настап на приватна забава. Кога српска фолк ѕвезда пее во Косово тоа е шок вест сама по себе.
Тоа е прослава организирана од Горанци за што ќе и биде платено 6.000 евра. Таа ќе пее во Призрен, каде што мнозинството од населението се Албанци.
– Минатата година пееше на мал стадион пред околу илјада жители Горанци, направи добра атмосфера и вети дека повторно ќе настапи во Косово, што ете и ќе се случи велат органзаторите.
– Ќе пеам со радост во Призрен. Верувајте, никогаш не се прашувам од која нација ме ангажираат, мојата работа е да ги израдувам луѓето, секогој кој ги сака моите песни е мојата публика “, рече Дара.
Менаџерот Горан Лечиќ Лека вели дека Дара Бубамара е единствен српски пејач кој настапил во Косово по 1999 година. Тој вели дека Дара била многу добро прифатена на концертот организиран минатата година во Косово, дека луѓето таму ја сакаат и дека не постои страв дека ќе настапи таму.