Еве кој е таинствениот син на Еди Рама: Свршеничката ја изгубил во земјотресот, но тоа не е единствената трагедија која го снашла

Грегор Рама, син на албанскиот премиер Еди Рама, ја изгубил свршеничката во земјотресот во Драч.
Кристи Реци со целото семејство настрадала кога се урнала шесткатницата во која живееле.
И самиот Еди Рама одвај ги задржал солзите кога новинарите го прашале за оваа трагична загуба.
Медиумите речиси да не известувале за нивната врска, ја чувале својата приватност, но се знаело дека се заедно околу три години.
Сепак, не е ова првата несреќа која го снашла младиот сликар.
Во текот на кампањата пред парламентарните избори во 2013-та година, Рама објавил 15-минутен документарен филм “Рама за иднината” во кој отворено зборувал за настаните кои му го обележале животот. Посебно истакнал дека најтежок момент во животот му бил кога дознал за болеста на својот син.

 

View this post on Instagram

 

#35mmfilm ?

A post shared by @ gregrama on


На Грегор пред неколку години му бил дијагностициран рак.
“Морав да влезам длабоко во себе за да пронајдам сила да се смеам, да комуницирам и да ја работам својата работа. Ноќите беа полни со солзи. Се соочувавме со голема непознаница која еродираше во сите нас”, рекол Рама.

Во филмот зборувал и самиот Грегор.
Споменал дека татко му му помогнал да го надмине тешкиот период и да го победи туморот на тестисите. Тој прераскажал дека неговиот татко ја користел својата страст, кошарката, кога на своето дете му објаснувал како треба да се надминуваат тешкотиите.
“Добив дијагноза кога бев кај вујко ми во Америка. По експерименталната хемотерапија се излечив”, открил тој
Рама редовно го посетувал својот син додека бил на лечење во Америка, посебно во 2009-та година, кога состојбата му се влошила.

Грегор од таа борба излегол како победник, но животот му задал уште еден удар кога починала неговата свршеничка Кристи, студентка на Медицински факултет.
Веста за смртта на својата девојка минала незабележано се додека самиот Грегор не се огласил на Инстаграм.
Грегор Рама дипломирал на Ликовната академија во Тирана, следејќи ги чекорите на својот татко сликар, како и дедо, познат албански вајар. Роден е кон крајот на 80-тите во првиот брак на Еди Рама со актерката Матилда Макоци.
Во малкуте интервјуа кои ги дал, Грегор секогаш истакнувал дека неговата мајка е личноста која најмногу ја сака. Со својот татко повеќе го поврзува уметноста отколку политиката, во која никогаш не се мешал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.