Не е тајна дека пушењето цигари е една од најлошите работи со кои му наштетувате на вашето здравје.
Иако науката го тврди спротивното, една блогерка која е веган тврди дека постои нешто полошо од ваквата штетна навика, а тоа е консумирањето на јајца.
Во неодамнешната објава на Твитер, оваа девојка напишала:
One egg = five cigarettes!? Egg yolks are loaded with cholesterol.
A medium-sized egg contains 186 mg of cholesterol, which is 62 percent of the recommended intake.
Eating eggs is worse for your health then smoking!— plantbasedbarb (@plantloverbarb) July 22, 2019
“Едно јајце е еднакво на пет цигари. Жолчките од јајцата се преполни со холестерол. Едно јајце со средна големина содржи 186 милиграми холестерол, што е 62 проценти од препорачаната дневна количина. Јадењето јајца е полошо за вашето здравје отколку пушењето цигари”.
Многу корисници на Твитер го дочекале ова тврдење со голема доза на скептицизам и започнале да ѝ поставуваат разни прашања.
Диететичарката Викторија Тејлор во една прилика рекла дека претходно се сметало дека треба да го ограничиме внесот на јајца во организмот на 3 до 4 неделно, токму поради холестеролот.
“Жолчките се проблемот. Сепак, новите истражувања тврдат дека холестеролот кој се наоѓа во храната како што се јајцата, не влијае на холестеролот во крвта на здравите луѓе. Полоши последици по организмот имаат масните киселини кои се наоѓаат во путерот и масното месо”, заклучила Тејлор.
Современите истражувања дури тврдат и дека консумирањето на едно јајце на ден не го зголемува ризикот од срцеви заболувања кај здравите лица.