Во дел од своето обраќање македонскиот премиер, Зоран Заев во Собранието зборуваше и за Македонци во Грција, кои ќе можат да учат македонски јазик. Изјавата буквално ги збесна Грците и предизвика лавина реакции кај соседите кои денес ги објави грчкиот портал „NOOZ“.
“Вие зборувате за Македонците во Грција со толкав жар и добро е тоа. Да се запрашаме што направивме за нив во овие 27 години. Да бидеме чесни, направивме ли нешто во врска со нив? Преку пријателство, преку тргнување на овој горчлив проблем што сите овие 27 години лебдеше над нас и беше тег на тонење, има поголеми шанси има шанси да се изучува и македонскиот јазик и таму, конечно. Досега беше забранет, табу тема беше. Па и грчкиот овде се изучува веќе, имаме шанса да им помогнерме, да ги тргнеме границите“ рече премиерот Заев.