Еве што се ќе добие Емина по разводот

Познатата српска пејачка Емина Јаховиќ и Мустафа Санадал официјално се разведоа пред два дена во Истанбул по 10 години брак.
Како што пренесуваат турските медиуми пејачката ќе добие значаен дел од продажбата на заедничката вила, а тие во детали велат дека станува збор за 3 милиони долари.
Освен тоа Сандал ќе и купи нова вила на поранешната сопруга во Србија која ќе чини најмалку 250 илјади долари. Исто така Емина ќе добие и алиментација која месечно ќе изнесува 15 илјади турски долари, или 2,800 евра.


Мустафа Сандал исто така ќе плаќа 5 илјади турски лири, односно 938 евра месечно за школување на своите синови Јавуз и Јаман и 11.257 илјади евра на годишно ниво за одмори за децата.
Се шпекулира и дека Мустафа ќе и купи нов автомобил од 51 илјади евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.