сабота, 28 ноември 2026
Најново

 Еве што Трамп ќе му понуди на Путин за да ја заврши војната во Украина: Тоа е вистинско богатство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да му понуди на рускиот лидер Владимир Путин пристап до минерали од ретки земји со цел да го охрабри да ја заврши војната во Украина, пишува денес лондонски „Телеграф“.Според весникот, Трамп ќе дојде на средбата со Путин со голем број профитабилни предлози, меѓу кои и отворање на природните ресурси на Алјаска за Москва и укинување на некои американски санкции врз руската авиоиндустрија.Изворите на „Телеграф“ велат дека предлозите вклучуваат давање пристап на Путин до минерали од ретки земји во Украина, кои Русија моментално ги контролира.Лондонскиот весник наведува дека американскиот секретар за финансии Скот Бесант е меѓу претставниците на американската администрација кои го информираат и советуваат Трамп пред неговата средба со Путин во Анкориџ.Бесент ги истражува економските компромиси што САД можат да ги направат со Русија за да го забрзаат договорот за прекин на огнот.Претходно денес, Трамп изјави дека Путин ќе се соочи со „тешки последици“ ако не се согласи да ја заврши војната во Украина на состанокот закажан за петок во Алјаска.

Поврзани вести