Кујнскиот сунѓер се смета за еден од највалканите предмети.
Миењето садови може да биде многу досадна работа. Подготовката на еден оброк често резултира со полн мијалник. Колку и да е тешко, потребно е да се обрне внимание на сунѓерот.
Тој се смета за еден од највалканите предмети, на кој може да се размножат голем број бактерии.
Остатоците од храна и влажната средина фаворизираат многу штетни микроорганизми. Затоа, после секое миење треба да направите една работа за да се ослободите од остатоците од храна и да го намалите процентот на бактерии.
Она што треба да го направите е прво да го ставите сунѓерчето во сад и да го посипете со една лажичка сол. Додадете една лажица оцет и на крај зовриена вода.
Оставете така да стои 15-20 минути, а потоа исплакнете го сунѓерчето под млаз ладна вода. На тој начин ќе биде подготвено за следното перење, а на овој начин можете да му го продолжите животниот век.