Секој декември се одржува спектакуларната ревија на “Victoria’s Secret”, а токму сега започнуваат нивните припреми за овој голем моден настан.
Добро е познато дека ангелите на Викторија изгледаат беспрекорно, а една од нив – манекенката Тејлор Хил, го открила режимот на исхрана кој го спроведува еден месец пред самиот спектакл.
На манекенката ѝ е стриктно забрането да консумира млечни производи, а се’ започнува 30 дена пред ревијата. Покрај секојдневната физичка активност, диетата опфаќа исфрлање на сите млечни производи од исхраната.
“Нема сирење, нема млеко … она што најтешко ми паѓа се неделите без пица и макарони со сирење кои просто ги обожувам”, изјавила Тејлор.
Но, сепак таа тврди дека исфрлањето на млечните производи и не е толку лоша работа:
“По само две недели забележувам дека кожата ми е поубава и почиста”, тврди таа.
Исхраната на ангелите на Викторија се заснова на добри масти и протеини, како и ниска содржина на јаглехидрати. Максималниот број на калории кои тие дневно смеат да го внесат изнесува 1300. Манекенките добиваат совети од експерти за исхрана да јадат повеќе пилешко, говедско или риба со секој оброк, или околу три јајца доколку не консумираат месо.
Млекото и глутенот се забранети, како и зеленчукот кој расте под земја бидејќи се смета дека е тежок за варење. Тие исто така не смеат да консумираат шеќер, вклучувајќи и овошје. Дозволени се само бобинки кои е препорачливо да се консумираат два пати дневно.
Топ моделите наутро вежбаат на празен стомак, при што дозволено им е да пијат кафе и вода, а по тренингот консумираат протеински шејк. Последниот оброк во денот е закажан за 18 часот, а алкохолот е апсолутно забранет. Манекенките спијат помеѓу 7 и 10 часа во текот на ноќта и пијат од два до четири литри вода.