Еве што ќе се случи со вашето тело ако со секој оброк јадете салата!

Салатите се здрав додаток на оброците и кај многумина, тие се неизбежни во менито. Полни се со витамини и минерали, а и хранливи се.
Пролетта носи разновиден зеленчук и широк збор кога станува збор за салатите. Домати, краставици, рдокви, пиперки, зелена салата… Можете да бирате и да комбинирате како сакате.
Една салата дневно е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело, а во продолжение прочитајте и зошто…
Влакната ја подобруваат дигестијата
Зеленчукот содржи многу влакна, кои се добри за дигестијата. Консумирањето салата помага во борбата со констипацијата. Влакната од салатата ќе ви обезбедат здраво ниво на холестерол, што е важно за спречување кардиоваскуларни болести.


Нутриентите го штитат организмот
Докажано е дека храната богата со нутриенти го чува здравјето. Ако често јадеме зелен листест зеленчук, постои поголема веројатност дека своето тело ќе го наполниме со антиоксиданси, како витамин Ц, фолна киселина, ликопен и алфа и бета-каротен, особено ако го јадеме свеж. А антиоксидансите го штитат телото од штетните слободни радикали.
Веќе со години научниците укажуваат на врската помеѓу консумирањето овошје и зеленчук во поголеми количини и намалениот ризик од многу болести. Американскиот институт за рак објавил дека луѓето кои во својата исхрана внеле многу овошје и зеленчук, изложени се на помал ризик од некои видови тумор, дури и ако се пушачи и пијат повеќе алкохол. Видовите зеленчук и овошје што најмногу се препорачуваат се пиперки, домати, сливи, праски, грашок, морков, јаболка, круши и јагоди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.