Евровизискиот победник Немо најави европска турнеја, но ќе ја одмине Македонија!

Швајцарецот Немо кој победи на овогодинешната Евровизија со песната „The code“ ја најви својата прва европска турнеја.

Како што пишува Еуровоикс, електронски медиум посветен на евровизиските случувања, турнејата на Немо ќе започне на пролет наредната година и ќе трае од 16-ти март до 19-ти април. Предвидени се концерти во 17 европски земји, но помеѓу листата на државите во кои ќе настапува, ја нема Македонија.

Во агендата е наведено дека првиот концерт ќе се одржи во Келн, Германија, а потоа следат настапи во Италија, Шпанија, Франција, Ирска, Велика Британија, Белгија, Холандија, Данска, Шведска, Финска, Естонија, Латвија, Полска, Австрија, Чешка…

Последниот концерт ќе се одржи во Берлин, Германија на 19-ти април.

Исто така, потенцирано е дека се разгледуваат опции за одржување на концерти во Грција и Украина.

За евентуален концерт на евровизискиот победник во Македонија, нема никаква најава засега.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.