Еврокуп: Билбао прв полуфиналист

Кошаркарите на Билбао изборија пласман во полуфиналето на Европкупот, откако во возвратниот четвртфинален меч го декласираа Улм со 101:78 (28:30, 29:17, 21:16, 23:15).

Инаку, Улм во Билбао допатува со предност од четири поени по првиот меч, но уште на полувремето беше јасно дека германскиот тим тешко ќе може да ја сочуваа таа позитива. Зисис со 23 и Хамилтон со 21 поен го предводеа Билбао до победата. На спротивната страна со учинокот се истакнаа Брајант (21 поен) и Гинтнер (19 поени). Останатите три екипи кои ќе бидат дел од полуфиналната фаза во Европкупот ќе бидат познати во среда навечер, кога ќе се одиграа преостанатите реванши од четвртфиналето. Уникс-Валенсија (прв натпревар 70:80)Локомотив Кубан-Будуќност (72:54)Будивељник-Спартак Санкт Петербург (72:83).
Макфакс
Кошаркарите на Билбао изборија пласман во полуфиналето на Европкупот, откако во возвратниот че

Пронајдете не на следниве мрежи: