Вообичаената работна седмица за лицата на возраст од 20 до 64 години во земјите членки на ЕУ во 2022 година во просек изнесувала 37,5 часа, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат.
Според овие податоци, најдолги работни недели има во Грција и тоа од 41 час, по што следува Полска со 40,4 и Романија и Бугарија со по 40,2 часа.
Од друга страна, најкратко се работи во Холандија, каде просечната работна седмица изнесувала 33,2 часа, по што следуваат Германија со 35,3 и Данска со 35,4 часа.
Должината на просечната работна недела се пресметува според бројот на часови што вообичаено се одработуваат неделно на главното работно место, вклучувајќи ги и дополнителните часови, без разлика дали се платени или неплатени, но го исклучува времето на патување од дома до работното место и назад, паузите за оброк и часовите минати на обуки што не се поврзани со работата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.