Политичарот и долгогогодишен европратеник на владејачката унгарска партија Фидес, Јозеф Шајер, призна денес дека бил присутен на домашна забава во Брисел минатиот петок, кога упаднала полицијата поради кршење на мерките за епидемија.
Популарните новински страници и портали во Унгарија вечерва го објавија признанието на Шајер во кое тој тврди дека соработувал со полицијата.
Јозеф Шајер ја ковертираше својата оставка на функцијата европратеник. Мандатот ќе му трае до 31 декември 2020 година.
Шајер беше еден од основачите на партијата Фидес на Виктор Орбан која е позната како тврда конзервативна партија која е позната по своите кампањи против ЛГБТ заедницата во Унгарија. Фидес е сестринска партија на ВМРО ДПМНЕ, а Виктор Орбан му обезбеди политички азил во Будимпешта на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Да потсетиме, во подрумот на ЛГБТ барот во Брисел, кој беше затворен поради заклучувањето, во петокот се одржа забава со учество на 25 мажи. По пристигнувањето на полициските службеници, сите учесници во забавата биле голи, а на локацијата била пронајдена голема количина илегални опијати.
Иако е веста сама по себе многу невообичаена, во фокусот на белгиските новинари најмногу се најде информацијата дека еден член на Европскиот парламент е меѓу гостите на споменатата забава. Тој се обиде преку прозорецот да избега од полицијата, а во таа прилика тој самиот се повредил.
Станува збор за, како што напишавме, 59-ет годишниот Јозеф Шајер кој на крајот ја призна својата вина и најави своја оставка.
Откако службените лица го пресретнаа и уапсија за кршење на неколку антипандемиски мерки, тој одлучи да се повика на неговиот пратенички имунитет.
Според последните информации на белгиските медиуми, сите учесници во нелегалната забава ќе бидат казнети за кршење на заклучувањето, а некои исто така ќе бидат обвинети за поседување дрога.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.