Европската Комисија откри злоупотреби во Албанија од 33,5 милиони евра од ИПАРД програмите

Експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан.

Циклонот Борис – катастрофа од епски размери: Две причини зошто е толку разорен!
Циклонот Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ Централна и Источна Европа, а слично сценарио се очекува и во наредните денови. Невремето, како што пишува СиЕнЕн …
Силјановска Давкова именува тројца членови на Советот за безбедност
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, денеска ги именуваше за членови на Советот за безбедност Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини …

-Констатираните неправилности со средствата на Европската унија (ЕУ) за земјоделството во Албанија, доделени преку ИПАРД програмите, изнесуваат 33,5 милиони евра, што е за 2,5 пати поголема од сумата од 13 милиони евра во 6 други земји во Балканот како Турција, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија, јави Телеграфи.

Според истиот извор податоците се наведени во работен документ на Европската комисија (ЕК), во кој се дава статистичка процена на пријавени неправилности за 2022 година, кои не претставуваат измама.

Вкупниот износ на неправилности констатирани во 7 балкански земји е околу 47 милиони евра, од кои 71 отсто и припаѓаат на Албанија и 13 милиони евра или 29 отсто во 6 други земји.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.